Уште едно признание за Лука Дончиќ

65

Еден од најталентираните кошаркари во изминатата деценија, Словенецот Лука Дончиќ, зад себе остави уште еден фантастичен месец во НБА лигата и повторно беше водечка алка на тимот на Далас во походот кон местата кои водат во плејофот од Западната конференција.

Кошаркарот на Далас, иако има само 19 години, одлично го предводи својот клуб во најквалитетното клупско кошаркарско натперавување, а неговите вонсериски игри во декември му донесоа признание за најдобар руки на Западот за овој месец.

Истовремено, за најдобар руки за месец декември во Источната конференција е избран членот на Њујорк Никс, Кевин Кокс.