Уште едно мафијашко убиство во Љубљана – убиениот бил наводно заштитен сведок против Шкаљарскиот клан

500
Фото:википедија

Мртов маж синоќа бил пронајден во автомобил на периферијата на Љубљана, а како што пишуваат словенечките медиуми, станува збор за мафијашко убиство.

Според полицијата, тој починал од прострелни рани.

Тој бил пронајден во автомобил на Путу за Брдо, на периферијата на Љубљана, во близина на обиколницата. Полицијата го обезбедила местото и трага по сторителот.

Според неофицијални информации на Телевизија Словенија, тој починат наводно бил заштитен сведок на специјалното обвинителство во случајот „Шкаљарски клан“, но полицијата се уште не го потврдува тоа.

Медиумите во Босна и Херцеговина објавија дека е убиен државјанин на БиХ, Сатко Кекиќ, кој претходно беше осуден во БиХ за трговија со дрога.

Поради продолжување на судењето на наводните членови на црногорскиот кавачки клан, љубљанскиот суд од вчера го обезбедуваат двајца полицајци вооружени со автоматско оружје, а во околината има повеќе полиција.

Доколку се потврдат врските со таа банда, тоа ќе биде трето убиство во Словенија поврзано со неа.

ИЗДВОЕНИ