Меѓународниот олимписки комитет загуби уште еден спонзор. По Тојота и Панасоник, производителот на пневматици Бриџсон, објави дека нема да го продолжи спонзорството по истекот на актуелниот договор на крајот на оваа година со Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Од компанијата нагласија дека се уште веруваат во визијата на Меѓународниот олимписки комитет за градење подобар свет преку спортот, но дека не сакаат да го продолжат договорот.
Во Тојота решија да ја прекинат соработката поради политизирањето на Олимписките игри, а во Панасоник како причина ја наведоа промената на раководството.