Уште еден италијански град продава куќи за еден долар

136

Италијанскиот град Бизача нуди домови за 1 долар, а овој пат не постои минимум кој треба да го потрошите на реновирање. Бизача се наоѓа во јужниот регион Кампанија, нешто повеќе од 80 километри од Неапол. Деведесет домови се понудени за продажба по цена од 1 долар.

Бизача беше силно погоден од емиграција, како и од низата земјотреси во далечната 1980 година.

– Пустошот се шири над најстариот дел од селото. Напуштените куќи се распоредени рамо до рамо по истите патишта. Некои дури имаат и заеднички влез. Ги покануваме семејствата, групите пријатели, роднини, луѓе кои се познаваат меѓуебе или инвеститорите да ги здружат силите. Ги охрабруваме да купат повеќе од еден дом за навистина да направат влијание и да вдахнат нов живот тука рече заменик-градоначалникот на градот Бизача Франческо Тартаља.

За потсетување, ова не е првпат град во Италија да го преплави домашниот пазар со продажба на куќи од 1 американски долар, со надеж дека ќе ги оживее заедниците кои со децении се замрени. Некои дури понудија даночни олеснувања за да ги стимулираат доселениците.