Денеска во училиштата во општина Центар, во соработка со Халкбанк се одбележа 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца.
Како што информираа од локалната самоурава, за таа намена, банката ја креираше илустрираната приказна „Сликовницата на Халки“ која денеска и во наредните неколку дена ќе им биде подарена на неколку илјади ученици низ државата.
-Со задоволство се приклучивме на оваа иницијатива која има навистина благородна цел, а тоа е да ги научиме нашите најмили на вистински општествени вредности преку книга. Општина Центар постојано организира активности посветени на нашите најмлади жители чија цел е да промовираме дружење во маало, ограничено користење на мобилните телефони, создавање култура на читање и многу други активности-истакнаа од локалната самоуправа.
Халкбанк ја издаде сликовницата во соработка со Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“.