Учествувал во судар, а потоа загинал додека претрчувал преку автопатот

393

Маж загинал во понеделникот вечерта во близина на Добановачката јамка во Белград кога во него удрил автобус додека претрчувал преку автопатот.

Како што објави порталот nova.rs, мажот и претходно учествувал во сообраќајна несреќа која се случила на таа локација.

Во сообраќајна несреќа во правец кон Добановци учествувале три возила – „рено“, „хјундаи“ и „голф“, по што возачот на голфот се обидел да го претрча патот.

Во него удрил автобусот „Ласта“ додека претрчувал.

Сообраќајот на овој дел од автопатот беше блокиран.