Утринава градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со учениците од ООУ „Његош“ ја украсија новогодишната елка во неговата канцеларија која го најавува доаѓањето на Новата година.
-Оваа традиција ја започнавме пред две години и ќе ја продолжиме во иднина. Новогодишните и божиќните празници се најубавиот период од годината на кој најмногу му се радуваат дечињата и токму затоа украсувањето на новогодишната елка ја правиме заедно со нив – изјави Стефковски.
Тој најави дека како локална самоуправа во пресрет на новогодишните и божиќните празници ќе организираат голем број на културни и хуманитарни настани.