Учениците од ОУ „Киро Глигоров“ како дел од тимот, предводени од директорката на училиштето Билјана Билбиловска и предметниот наставник, ги презентираа резултатит од проектот „Компостирање во училиште за здрава животна средина“ за кој добија финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.
Имено, по одобрената апликација, училиштето доби садови за селектирање и за компостирање. Во еден циклус, вредните ученици успеаја од сопствениот органски отпад да добијат финален производ- компост што го искористија за садниците во дворот на училиштето.
– Ова е одличен пример како и кај најмалите треба правилно да се развиваат навиките и односот кон отпадот – истакна министерот за животна средина, Насер Нуредини, посочувајќи дека овој пример треба да сподели и мултиплицира и во другите училишта.