Утре натпросечно топло, за викендот врнежи

84

УХМР најавува дека времето утре ќе биде натпросечно топло, а во западните делови ќе дува засилен западен ветер, со брзина и од над 70 километри на час, што ќе продолжи и во следните денови.

Во сабота ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и во недела претпладне.