Утре е голем ден за Мундијалот во 2022 година

78

Советот на ФИФА ќе се состане утре во Мајами, на разговори околу можностите две земји да бидат домаќини на следното Светско првенство.

Тоа се должи на желбата на фудбалската централа да ги зголеми финалистите на 48 од тој шампионат, а не да чека до 2026 година.

Светското првенство во 2022 година треба да се одржи од 21-ти ноември до 18-ти декември во седум града во Катар: Доха, Лусаил, Ал Уакра, Ал Хорус, Ар Рајан, Ум-салата, Ал-шамал.

Вклучувањето на дополнителни земји-учесници во Мундијалот во 2022 година треба да се направи како одговор на одредени барања и исто така треба да бидат одобрени од властите во Катар.