Утрешниот ден прогласен за Ден на жалост во Прилеп поради трагедијата во која загинаа три медицнски лица

93

Утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост во Прилеп поради трагично загинатите медицински лица, кои утрото ги загубија своите животи во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

Оваа одлука ја донесе денеска Советот на Општина Прилеп на вонредна седница.

Трите медицински лица беа вработени во болницата Плодност во Битола. Несреќата се случила при судир на автомобил „тојота“ во кое биле медицинските лица и товарен камион. Поради силината на ударот избил пожар, а тројцата загинале на самото место.