Графата „националност“ се брише од изводите во матичната книга на родените. Ваква одлука денеска донесе Уставниот суд.
Претходно, кон крајот на минатата година, со времена мерка го укина издавањето изводи со графата „националност“ и со оваа одлука целосно ја укина оваа графа.
Впишувањето националност го воведе министерот за правда Кренар Лога, кој во мај минатата година објави упатство за матичните служби врз основа на Законот од 1995 година, кој беше оспорен од партијата Левица. Летоска, Уставниот суд времено ја стопираше примената на упатството на Лога, но немаше мнозинство за да ја донесе одлуката.
Во образложението на Судот се наведува дека изјаснувањето за национална припадност не е должност, туку можност со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, што, за Судот, е сомнеж дека спротивно на Уставот за слободно изразување.
Министерот за правда, Кренар Лога, вчера ја поздрави одлуката на Уставниот суд за укинување на уште еден пропис по поднесена иницијатива за пречекорување на уставниот рок за објавување во „Службен весник“.
– Воедно, уште еднаш бараме од Уставниот суд по службена должност да постапува и со другите прописи во државата што се објавени во спротивност со уставниот рок во член 52 од Уставот.
Исто така, непреземањето соодветни дејства со цел обезбедување на почитување на уставниот рок, за кои Уставниот суд знаел или можел да знае, подразбира основа за кривична одговорност, бидејќи тие би требало да ги следат прописите што се објавени во „Службен весник“ – стои во соопштението на ресорот Правда.