Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која на дневниот ред ќе се најдат четири иницијативи.
На седницата уставните судии ќе одлучуваат по иницијативата со која оспорува член од Законот за вонпарнична постапка во кој според иницијаторите е во спортивност со членот 30 од Уставот со кој се гарантира правото на сопственост и наследувањето и смета дека со примената на оспорената одредба се овозможува манипулирање со имотите на граѓаните и капиталот се прелева на располагање на поединци кои ги немаат тие права.
Со другата иницијатива која ќе биде на дневниот ред се оспорува Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементирање на проектот за изградба на инфраструктурнит коридор 8 делница Тетово-Гостивор-Букочани и Требеништа-Струга-Ќафасан и коридорот 10-д делница Прилеп-Битола.
Според подносител на иницијативата Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија, номинирањето на еден субјект од страна на законодавецот претставува ограничување на субјектите за слободно настапување на пазарот и претприемништвото како клучни основи на стопанскиот систем утврдени со Уставот.
Според наводите, оспорениот закон е во спротивност со владеењето на правото, слободата на пазарот и претприемништвото, одредби предвидени во Уставот.
Уставните судии ќе одлучуваат и по иницијативата со која е оспорен: Делот „за државните службеници“ од член 142 став 1 од Законот за лекови и медицински средства и член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства, како и иницијативата за член 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства.