Уставен поведе постапка за ДУП-от во Карпош со кој се овозможува изградба на бензиска пумпа

72

Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста, но и законитоста на одлуката за ДУП со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост” во општина Карпош и донесе одлука, односно времена мерка да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената одлука, се додека не се донесе конечна одлука.

Од Уставниот суд, информираат дека, на денешната седница е одлучено да се поведе постапка за одлука на Советот на Општина Карпош од 03.03.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05.

– Уставниот суд во оваа фаза оцени дека тој ДУП не е во согласност со ГУП на Град Скопје, нешто што е предвидено во содржината на Законот за просторно и урбанистичко планирање, но го оценува и како спротивен на владеењето на правото – се вели во соопштението од Уставен суд.