УСПЕШНА ТУРНЕЈА: Во Чест на македонските музичари во Кина се делеше бадниково лепче со паричка

123

„Оркестарот настапи во нови, висококвалитететни концертни сали во градовите Хохот, Таијуан, Тангшан, Женгжу, Хенгшуи, Хефеи и Донггуан. Поминувајќи преку 10.000 км од внатрешна Монголија па се до југот на Кина, македонските филхармоничари ја одушевија присутната публика и организаторите со својот позитивен дух. Нашите музичари со својата максимална професионалност покажаа дека се рамо до рамо со големите светски оркестри”, истакна меѓудругото директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиески, на прес-конференцијаta на која ги сподели впечатоците од успешната турнеја во Кина која траеше од 26 декември до 9 јануари. Kинеските домаќини, пак, беа толку гостопримливи и задоволни од настапите што во чест на македонските музичари организираа прослава на Новата година, како и делење на бадниково лепче со паричка”

“Со нашите филхармоничари можеме да се гордееме зашто ја одушевија публиката во Кина. Направивме многу во претставувањето не само на нашата институција, туку и на македонската култура, а кинеските домаќини беа толку гостопримливи и задоволни од настапите што во чест на македонските музичари организираа прослава на Новата година, како и делење на бадниково лепче со паричка”, истакна меѓудругото директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиески, на вчерашната прес-конференција на која ги сподели впечатоците од успешната турнеја во Кина која траеше од 26 декември до 9 јануари.

Македонската филхармонија во НР Кина одржа 7 концерти во 7 градови во земјата, што според Илиески бил голем организациски потфат со оглед дека од еден до друг град се патувало со авиони и возови поминувајќи 10 илјада километри, а се соочиле и со голема температурна разлика од минус 30 до плус 20 степени.

„Оркестарот настапи во нови, висококвалитететни концертни сали во градовите Хохот, Таијуан, Тангшан, Женгжу, Хенгшуи, Хефеи и Донггуан. Поминувајќи преку 10.000 км од внатрешна Монголија па се до југот на Кина, македонските филхармоничари ја одушевија присутната публика и организаторите со својот позитивен дух. Нашите музичари со својата максимална професионалност покажаа дека се рамо до рамо со големите светски оркестри. На секој концерт беа поздравени со аплаузи од кинеската публика, која бараше и да се фотографира со нив. Турнејата ни го отвори прозорецот кон Исток и можностите за нови соработки, посочи Илиевски додавајќи дека токму поради дисциплината и прецизноста во изведбата и покрај сите искушенија, имаат нови покани за турнеи во Кина.

Инаку, турнејата ја организираше корпоративната агенција „Полигруп“ која на територијата на Кина покрива 60 концертни сали.
Концерт-мајсторот Владимир Костов, пак посочи : “За нас концертите во Кина претставуваа одлично искуство од секаков аспект, од кондициски, до професионален, уметнички. Отидовме во земја каде се негуваат различни културни традиции, во градови каде што нема музички оркестри и училишта, но каде што има публика која сака да слуша европска музика. Кинеската публика најмногу реагираше на „Радецки марш“ и „На убавиот син Дунав“, сакаше да има интерактивен однос со музичарите, да разговара со нас, да се фотографира… “, рече Костов.

Инаку, музичкиот проект беше насловен „7 концерти во 7 градови во Кина“. Турнејата ја предводеше диригентот Јерухам Шаровски од Израел, кој е често гостин-диригент со Македонската филхармонија. Оркестарот се претстави со популарна програма на која покрај концертот број 1 за пијано и оркестар од Чајковски со солистот Хају Жанг од Кина, свое место најдоа и дела од Гершвин, Бизе, Глинка и Штраус, а како солисти настапија и виртуозите на кларинети, браќата Даниел и Александар Гурфинкел, познати како Дуо Гурфинкел.
На турнејата во Кина и претходеа и гостувањата на камерниот оркестар на Македонската филхармонија во Казахстан и во Шпанија.

Концерт “Слободен и среќен„ за старт на 2019

Вториот дел од концертната сезона 2018/2019 стартува на 24 јануари со концертот „Слободен и среќен“ на кој како солист на труба ќе настапи Лусјен Ренодин-Вари, под диригенската палка на Петер Феранец од Словачка. Веднаш потоа следува грандиозниот концерт „Бесмртност“ на кој ќе бидат изведени дела од Бетовен со Нина Костова-Јаневска на пијано и Сашо Татарчевски како диригент и хорот „Драган Шуплевски“ од ФМУ.

На 7 февруари е мошне интересниот концерт „Ангелите и градот“ со Конрад ван Алфен од Холандија и солистката Луси Хорш од Холандија на барокна флејта, кога премиерно ќе биде изведена Симфонијата бр. 4 „Лос Анџелес“ од еден од најдобрите современи композитори Арво Перт.

Потоа доаѓаат двајца врвни руски пијанисти – Андреј Гугнин и Борис Березовски, кој пак во иста вечер ќе свири два концерти за пијано од Прокофјев и Шостакович…