Во пресрет на официјалната прес-конференција за мечот меѓу најдобрите боксери на денешницата Тајсон Фјури и Александар Усик, беше направен општ хаос.
Откако заврши официјалниот дел од разговорот со медиумите, Украинецот и Британецот застанаа еден наспроти друг и почнаа да се гледаат во очи. Сцена која не е невообичаена за борците, кои и на овој начин се обидуваат да внесат страв кај противникот. Сепак, овој пат тоа излезе од контрола, бидејќи Усик и Фјури се гледаа 11 минути и 20 секунди.
На крајот интервенирале други, застанале меѓу нив и успеале да ги раздвојат додека камерите се снимале. Во секој случај, овој настан најавува и спектакуларна борба. Тајсон Фјури е желен за одмазда, а Александр Усик да докаже дека не победил случајно во мај годинава.
USYK AND FURY INTENSE FACE OFF! #Usyk2Fury
— contextless (@thecontextless) December 19, 2024