Урнебесен инцидент во Хрватска: Висел од рампата на траект зошто не сакал да плати карта/ВИДЕО

302

Необичен инцидент се случи вчера на хрватското приморје, снимката се шири на социјалните мрежи.

Имено, мажот висел на рампата на траектот „Петар Хекторовиќ“ кој излегувал од пристаништето. Тој, како што изгледа од видеото, бил облечен за на плажа, дури имал и пешкир преку рамо. Според информациите од компанијата сопственик на траектот, човекот немал билет.

„Станува збор за патник кој се обидел да се качи на траектот без билет дури и додека траектот го напуштал пристаништето. По добиената пријава за патникот на рампата, екипажот брзо интервенирал за да спречи развој на уште поопасна ситуација. за патникот“, соопштија од компанијата.

На фејсбук страницата „Ја сакам Комижа“, каде е објавена снимката, имаше коментари за овој настан, од кои некои се: „Кога доцниш на траект, а девојка те чека во Комижа“, „Пливај Сине, пливај Љубовта нема граници“, „Можно ли е?!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ratko Radišić (@ratkoradisic)