Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави идеалниот тим на Европското првенство во женска конкуренција и тоа во очи на финалниот натпревар помеѓу Норвешка и Данска.
Во него сосема заслужено се најдоа следниве ракометарки:
Лево крило: Ема Фрис (Данска)
Лев бек: Тјаша Станко (Словенија)
Среден бек: Хени Рајстад (Норвешка)
Десен бек: Катрин Клујбер (Унгарија)
Десно крило: Викторија Гиори-Лукаш (Унгарија)
Кружен напаѓач: Татјана Брновиќ (Црна Гора)
Голман: Ана Кристенсен (Данска)
Најдобар одбранбен играч: Паулета Фопа (Франција)
Најдобар млад играч: Петра Симон (Унгарија)
Големото финале помеѓу Данска и Норвешка е закажано за денеска со почеток во 18:00 часот.