Уметниците и министерот за култура седнаа на иста маса: До 11 март ќе се бара чаре за одбиените?!

41

Писмо за доставување дополнителна документација ќе биде испратено до сите учесници на годишните конкурси, чии проекти се одбиени од формални причини, а за кои комисиите сметаат дека се од национален интерес во културата за 2019. Министерот за култура Асаф Адеми, пак, има законски рок до 11 март да ги донесе решенијата за проектите кои се поддржани, но и за оние кои се одбиени. Ова беше соопштено на средбата во ресорното Министерство со дел од одбиените апликанти и на нивно барање, а на која министерот им ја објасни постапката на разгледување на пријавите и причините за нивно одбивање.

“Постапката за разгледување на пријавите е во согласност со Законот за културата и при одлучувањето комисиите не подлегнувале на какви било притисоци, туку се раководеле според пропишаната норматива поврзана со годишните конкурси?!” – велат од Министерството.

Оттаму посочија дека “комисиите за дел од одбиените при ревизијата утврдија дека станува збор за проекти кои се од национален интерес во културата. Затоа во согласност со Законот за општата управна постапка, им се дава можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања”, меѓу другото посочуваат од ресорното министерство.

Вчера на состанокот меѓу уметниците кои не добија, или добија многу помалку од очекуваните средства, присуствуваше и Рисима Рисимкин, уметнички директор на Танц фест и Скопје танцов театар и Оливер Белопета, директор на Скопје џез-фестивалот. Според Рисикин разговорите с едвиежа во позитивна насока.

“Се надеваме дека проблемот ќе се разреши во предвидениот рок, бидејќи е покажан слух за надминување на проблемите во законска форма#, вели Рисимкин.

Белопета пак, посочи дека проблемот е покомплициран.

“Нашето понатамошно делување ќе зависи од чекорите што ќе ги преземе Министерството. Ниенемавме потреба да ги дополнуваме документите и упативме во повеќе наврати реакции во писмена форма и чекаме одговор”, додаде Белопета.
За евентуално поништување, пак, на одобрените проекти за кои од уметничката фела беше посочено дека има неправилности, што беше најавено и од премиерот Заев, пак, од Министерството нема најави.