Ултиматум од Лаутаро

250

Капитенот на новиот шампион на Италија, тимот на Интер, Лаутаро Мартинез, откри дека следните неколку недели ќе бидат клучни кога е во прашање неговата клупска иднина. Аргентинскиот интернационалец не крие дека сака да потпише нов договор со „нероазурите“, но двете страни никако не можат да најдат заеднички јазик околу патата, а напаѓачот не сака годишно да заработува под 10 мил. евра.