Украл 16 мил. евра за изградба на стадионот и ги прокоцкал во казино

6812

Литванија имаше план да изгради нов национален стадион во наредните години. Компанијата BaltCap ги започна работите, кои, сепак, престанаа есента минатата година.

Најавено е дека трошоците се зголемени за 40 отсто и побарале да се преговара за нова градежна цена со градот Вилнус. Сепак, набрзо во медиумите се појави неверојатна информација.

Од 30-те милиони што ги добил за почетокот на работите, управителот на компанијата Шарунас Степуконис наводно украл околу 16 милиони евра и ги прокоцкал во казино. Потоа се обиделе преку преговори да извлечат повеќе пари за да заштедат што можат, но не успеале

Потоа компанијата BaltCap го предаде проектот на нова компанија – Ханер која со ентузијазам влезе во проектот чие завршување е планирано во 2026 година.

Политиката до сега постојано го убиваше овој проект, а сега одредени структури во Владата сакаат што побрзо да дејствуваат спортскиот комплекс да биде завршен во следните две години. Меѓутоа, литванските медиуми тврдат дека се работи за добро осмислено перење пари, што е мислење и на поранешниот министер, сега опозиционер Саулиус Сквернелис.

„Се појави нов изведувач кој не беше вклучен во никаков тендер или процес и само им ги префрлаат сите пари“, вели Сквернелис, кој целиот проект го нарекува финансиска абракадабра.

Градоначалникот на Вилнус, Валдас Бенкунскас е главниот поборник за изградба на голем спортски комплекс и нов стадион. Тој решил да одвои огромна сума пари и смета дека вакво нешто е неопходно за цела Литванија.

„Причината поради која продолживме со проектот е што на овој град му треба повеќе од само фудбалски стадион. Ни треба вистински спортски комплекс кој ќе има простор и за други спортови“, вели тој и додава.

“Има само една опција – да ги вратиме крановите на градилиштето и да ја завршиме работата за две години. Алтернативата е да одиме на суд, да го изгубиме случајот и да платиме отштета. Затоа можевме да размислуваме за нов проект само за три до пет години. Имаме премногу потрошени пари и потрошено време на проектот само така да го напуштиме“, вели Бенунскас.

На Шарунас Степуконис му беа доделени 16 милиони евра од првичните 30 милиони што неговата компанија ги доби за изградба на стадион и комплекс што Литванците може да ги чини околу 180 милиони евра.