Украинско воено разузнавање: Севернокорејски единици распоредени во регионот Курск

52

Украинската воена разузнавачка служба денеска објави дека првите севернокорејски единици обучени во Русија се распоредени во областа Курск, руската погранична област каде што украинските сили извршија операција во август.

Кремљ претходно ги отфрли информациите за распоредување на севернокорејски војници како „лажни вести“, меѓутоа, рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека на Москва е да го спроведе договорот за партнерство со Пјонгјанг, пренесе Ројтерс.

Путин не негираше дека севернокорејските војници моментално се во Русија, наведува агенцијата.