Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, изјави дека Киев никогаш не одбил да преговара со Москва и дека е подготвен за разговори со идниот руски лидер, но не и со Владимир Путин.
Коментарите на Михаил Подољак на „Твитер“ следуваа по извештајot на „Вашингтон пост“ дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ги охрабрува украинските лидери да сигнализираат дека се отворени за преговори со Москва, пренесува „Ројтерс“.
„Дали Путин е подготвен? Очигледно – не. Затоа ние сме конструктивни во нашата процена: ќе разговараме со следниот руски лидер“, посочи Подољак.