УЖАС ВО „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“: Малолетници се обиделе да силуваат соученик со тврд предмет во училишниот двор

155

Ужасен настан бил пријавен вчера во полициска станица на МВР откако 44-годишен маж пријавил обид за силување на неговиот малолетен син.

„На 08.10.2024 во 20:00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11:00 до 15:00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици. Според пријавата, насилниците со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз него“, се вели во соопштението од МВР.

МВР работи на расчистување на случајот.