Ужас во Краљево: во болнички замрзнувач пронајдени 13 мртворедени бебиња

76

Членовите на државната комисија за исчезнати бебиња во Србија , во замрзнувач во Општата болница во Краљево пронашле тела на 13 бебиња, пренесоа српските медиуми.

Заменикот на општата болница Драган Краљевиќ објасни дека станува збор за бебиња коишто родителите не сакале да ги преземат и самите да ги закопаат, што според законот не е ни нивна должност. Според болничките власти , мртвородените бебиња се се уште во замрзнувач , зашто општината не донела одлука каде да се погребаат .

Тој додаде дека во тек е формирање на комисија која ќе одлучува за местото каде што во иднина ќе бидат закопувани мртвородените бебиња во Краљево. 

Комисијата на владата на Србија за испитување на работата на државните органи во сите случаи на исчезнати бебиња во земјата почна со работа во јуни, 2018 година. Задачата на Комисијата, која е составена од претставници на државни институци и родители кои се сомневаат дека децата им исчезнале од породилиштата, е да ја испита одговорноста на оние кои со години ги спречуваат истрагите.