Во Католичката црква во Франција во изминатите седумдесет години имало неколку илјади педофили, покажаа резултатите од независното истражување кое во целост ќе биде објавено во вторник.
-Независна комисија која го спроведе истражувањето, докажа дека во црквата имало меѓу 2.900 и 3.200 педофили и тоа е „минимална проценка“, изјави за АФП, Жан Марк Сове, одговорен за истражувањето.
На почетокот од годинава, Сове изнесе податок дека во Франција имало „најмалку 10.000“ жртви на свештениците и на другите членови на црковниот клер.
Комисијата формирана во 2018 година од француската Бискупска конференција, изработи кизвештај на 2.500 страници, а покрај со евидентирање на бројот на педофили и на нивните жртви, се занимавала и со откривање на институционалните механизми кои им овозможувале на педофилите да останат внатре во Црквата, рече Сове.
Според најавите, коплетниот извештај што ќе биде обелоденет на прес конференција во вторник, според еден член на Комисијата, „ќе одекне како бомба“.