Ужас! Ана Николиќ и нејзиното момче ем се караат ем се сакаат

584

Српскиот композитор Горан Раковиќ-Рале не крие дека е во љубовна врска со поп-пејачката Ана Николиќ, откако е разведе таа од раперот Раста, со кого има дете. Рале признава дека Ана му е сè на овој свет и дека во нивниот случај важи онаа народната кој се кара, тој се сака.

– Ние се караме секој ден, се расправаме и за најмала ситница. А, се сакаме, не можеме да дишеме еден без друг. Кога се скарав со неа, пред некој ден, таа веднаш им се јави на новинарите. Тоа е ужас! Што има потреба новинарите да знаат како функционираме ние. Луда е, затоа многу ѝ се налутив. Срам да ѝ е, сега цела естрада зборува дека нашата врска функционира на база на караници – раскажа Рале.         Тој ѝ предложил на Ана да стават камери на сите места во станот каде што се караат за сите во живо да видат како изгледаат нивните расправии.  Д.М.