Најмалку едно лице загина, а повеќе од 400.000 луѓе останаа без струја поради ураганот Идалија, кој ги погоди американските сојузни држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина, јавува Си-Ен-Ен.
Исто така, издадено е предупредување за торнадо за речиси 12 милиони луѓе низ централна и северна Флорида и југоисточна Џорџија. Жителите се предупредуваат сериозно да ја сфатат ситуацијата бидејќи ќе дојде момент кога службите за итни случаи повеќе нема да можат да пружат помош. Веќе се пријавени проблеми со пристапот до некои евакуирани области.
Еден човек загина во средата кога врз него паднало дрво во округот Лоундес, Џорџија, изјави шерифот на округот Ешли Полк за Си-Ен-Ен. Досега има еден смртен случај на Флорида, кој не е официјално потврден дека е последица на ураганот бидејќи учествувал во сообраќајна несреќа, а потрагата продолжува во тешко погодените области, изјави во средата гувернерот Рон Десантис.
A resident in Perry, Florida, captured this wild video of a tree snapping and crashing down in front of his house as Hurricane Idalia blew through the region: pic.twitter.com/RvR6KaMUXr
— AccuWeather (@accuweather) August 30, 2023
Невремето предизвика поплави во некои области и остави повеќе од 400.000 луѓе без струја во Флорида, Џорџија и Јужна Каролина.
Се очекува до вечерва невремето да го зафати поголемиот дел од југоисточниот брег на САД, додека „Идалија“ сега стана тропска бура со брзина и до 96 километри на час, соопшти Националната метеоролошка служба.
Метеоролозите најавија дека денеска се очекува поплавување на крајбрежната област во американската држава Северна Каролина.
New video: drone footage from our field crews shows Steinhatchee, Florida inundated by storm surge from Hurricane #Idalia. pic.twitter.com/EzgrgPJP2R
— WeatherNation (@WeatherNation) August 30, 2023
Нивото на водата во пристаништето Чарлстон, Јужна Каролина ја надмина прогнозата од 2,6 метри и достигна 2,73 метри, објави метеоролошката служба на платформата Икс (Твитер).
Тоа е петтото највисоко ниво некогаш забележано и е само малку зад вредностите забележани во 2016 година.
Највисокото ниво беше 3,81 метри во 1989 година за време на ураганот Хуго.