Угледната „Марка“ откри кој ќе ја освои „Златната топка“

39

За нешто повеќе од еден месец ќе биде познато кој ќе ја освои најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет, „Златната топка“ на Франс Фудбал.

Свечената церемонијата е закажана за 28 октомври во Париз, а оваа година многумина веруваат дека може да има најмногу возбудувања.

За прв пат од 2003 година во потесниот избор ги нема Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои буквално доминираа во последните две децении.

Како главни фаворити се споменуваа многу имиња, а угледната шпанска „Марка“ го објави името на добитникот на „Златната топка“ за 2024 година.

Имено, „Марка“ пишува дека престижната награда ќе заврши во рацете на бразилскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Винисиус Јуниор.

Дали „Марка“ навистина го откри добитникот на „Златната топка“ или ова е само уште една претпоставка ќе дознаеме на 28 октомври.

Точно, Винисиус беше во тесна конкуренција меѓу главните фаворити и според последните анализи на почетокот на септември.

Меѓу фаворитите беше ѕвездата на Реал (М) и репрезентацијата на Англија, Џуд Белингем, како и Килијан Мбапе.

Во самиот врв се најде и Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер Сити, кој исто така повторно игра во животна форма, а многумина се убедени дека тој требало да ја добие наградата пред Лионел Меси, со оглед на тројната круна освоена со Манчестер Сити.

Дневниот весник „ВЕЧЕР“ е единствениот медиум од Македонија кој со години гласа за најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет.