Во Србија 77-годишната пензионерка Драгица Михајловиќ е убиена со давење, а полицијата ја приведе нејзината сосетка, Драгослава Спасојевиќ (72), од спрското село Кудреш, под сомнение дека ја убила од користољубие, пренесуваат српските медиуми.
Михајловиќ примала странска пензија и била добро ситуирана, тоа се верува дека е причина за убиството, кое осомничената го негира.
Отпрвин, полицијата се сомневала дека жртвата која имала странска пензија починала од природна смрт, но обдукцијата покажала дека е загушена и дека има пукната коска во грлото.