Германската полиција трага по осомничениот кој уби човек на фестивал во Минстер.
Се трага и по соработниците на осомничениот, а како што дознава Билд станува збор за млади луѓе.
Инцидентот се случил во саботата вечерта кога маж (31) наводно после 22 часот се скарал со уште двајца пред рингишпилот. Заднината на дискусијата сѐ уште не е позната.
Одеднаш еден од младите извадил нож и го избодел 31-годишникот.
Касиер во забавниот парк ја алармирал полицијата кога видел маж како лежи на земја и обилно крвари. И покрај итната медицинска интервенција, несреќниот маж околу 22.30 часот починал на лице место.
Осомничените побегнале пеш и сѐ уште не се идентификувани.
Полицијата во моментов ги прегледува видео снимките од местото на злосторството.