„Убиецот на зимата“ се приближува кон Европа, ќе ја зафати и Македонија: НОСИ НАДНОРМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ!

633

Антициклонот Зевс, таканаречен „убиец на зимата“, доаѓа од Африка и ќе се прошири низ поголемиот дел од Европа, вклучувајќи ја и Македонија и остатокот од Западен Балкан.

Наскоро ќе ги доживееме последиците од неговите ефекти, бидејќи ни носи сончево време, наднормални температури и многу магла. Овој суптропски антициклон е толку силен што привремено ќе го замени зимското време, па во следните десет дена можете да заборавите да носите дебели јакни.

Под влијание на антициклонот Зевс, во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на се посончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието и во источните предели, прогнозира Славчо Попоски. Температурите секојдневно ќе бележат тенденција на пораст, а се повисоки ќе бидат и утринските температури, иако на многу места тие ќе останат негативни, но нема да биде премногу студено.

Максималните дневни температури на воздухот пак, особено за време на викендот ќе бележат тенденција на позначителен пораст и ќе бидат натпросечно високи. Тие особено од недела ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време.

Во првите шест денови од февруари во Македонија не се очекуваат нови врнежи од снег, најави Попоски.