Млад хрватски фудбалер е убиен по расправија со двајца луѓе пред пекара во Сплит.

Младиќ (22) бил прободен со нож во градите, итно бил префрлен во КБЦ Сплит, но повредата била фатална и починал околу 01:20 часот по полноќ.

Портпаролот на ПУ Сплит Далмација, Жељка Радошевиќ изјави дека две лица се уапсени откако полицијата веднаш по известувањето за инцидентот почнала да трага по сторителот.

Таа додаде дека истрагата ја водел дежурниот заменик на Државното обвинителство во Сплит, а повеќе информации за настанот полицијата ќе соопшти по завршување на кривичната истрага.

Таа посочи дека во службените простории биле донесени повеќе лица, од кои двајца се уапсени во врска со убиството.

Началникот на Ургентниот прифат на болницата КБЦ, Јосип Крниќ, изјави за новинарите дека 22-годишен маж со тешка прободен во пределот на градниот кош и донесен на Ургентното одделение без витални знаци. Веднаш почнале со реанимација, но безуспешно и по 45 минути констатирале смрт.

Според медиумите, полицијата привела тројца браќа, од кои едниот по туркање отишол во станот да земе нож и му нанел неколку рани на младиот човек.

Се сомнева дека расправијата започнала откако 22-годишникот одбил да им даде пари на браќата, но засега случајот не се третира како убиство од личен интерес, пренесува далматинските портали.