Убавата пејачка Биљана Јевтиќ, некогаш со разголени гради – „Ево ти срце на длану“ !!!

384

Останаа само фотографиите и спомените!

Пејачката Биљана Јевтиќ, која најмногу ја памтиме по големиот хит „Ево ти срце на длану“, на почетокот од својата кариера многу сакаше да се соблекува пред фотообјективите. Секако, беше многу убава, привлечна, пожелна за голем број машки обожаватели. Доказ дека пејачките отсекогаш се соблекуваа, со што популарноста дупло им се зголемуваше, а концертите им беа исполнети до последното место.

Фотографиите од полуголата Биљана Јевтиќ ги разубавуваа насловните страници и на некогашните македонски весници. Па така, ја имаше оваа убава нишлијка, со предлабоко деколте, на насловната на ревијата „Екран“, неделен весник кој во тоа некогашно југословенско време важеше за еден од најчитаните и најпродавани од Вардар до Триглав.

Сè уште е во среќен брак со колегата Александар Аца Илиќ и секогаш сакала и физички да ѝ се допадне на публиката. Мажот ѝ Аца често се бунеше за нејзината голотија. Биљана предизвикуваше збунетост речиси кај сите. Многумина мислеа дека е тоа добар фотошоп, но не е вистина. При една фотосесија, таа навистина остана со голи гради, држејќи ги покриени само со рацете.

Затоа и многумина правеа мала шега на нејзината спомената песна. Парафразирајќи ја во „Ево ти груди на длану“. Биљана навистина собра голема храброст за тоа време, така да излезе на насловните страници, но и на обвивките на своите грамофонски плочи и касети. Меѓутоа, и понатаму останува нејасно како реагира на овие стари полуеротски фотографии веќе возрасниот Иван, синот на Биљана. Дали му е непријатно кога ќе ја види мајка си без крпчиња или, како иден адвокат, би ги „построил“ непослушните медиуми. А, можеби, сеедно му е. Било, па поминало!  Д.М.