Уапсен 37-годишен скопјанец, полицијата кај него пронашла дрога

11

На 24.07.2023 во 20.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(37) од Скопје.

-При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.