Уапсен е возачот на автобусот, кој утрово се преврте во близина на Славонски Брод, кога загинаа десет лица, изјави заменик државниот обвинител Славко Прањиќ.
„Тој беше уапсен под сомнение дека управувал моторно возило на начин што не ја користел сообраќајната лента за движење, туку слетал од автопатот. Тој рече дека заспал за момент, но сето тоа ќе го утврдиме подоцна “, изјави Прањиќ.
Тој рече дека истрагата е завршена и дека се преземаат други доказни дејствија за поведување на кривична постапка, пренесоа хрватските медиуми.
Автобусот на компанијата со седиште во Приштина сообраќаше на релација Франкфурт – Приштина.
Прањиќ изјави дека имаат информации дека во нерсеќата загинале десет лица, и дека „23 се тешко и полесно повредени“.
45 патници од сообраќајката кај Славонски брод сè во болница: Познати причините за несреќата?/ВИДЕО