Уапсен директорот на рускиот рудник за јаглен „Листважнаја“, во кој загинаа 51 рудар

76

На директорот на рускиот рудник за јаглен „Листважнаја“, Сергеј Махраков, кој е обвинет за кршење на правилата за индустриска безбедност во случајот со експлозијата во која загинаа 51 лице, му е одреден двомесечен притвор, а уапсен е и неговиот заменик Андреј Молостов, јави Тасс. Махраков и Молостов се изјаснија за невини по обвиненијата.

Според истрагата, директорот бил информиран за опасната концентрација на метан во рудниците, каде на 25 ноември дојде до експлозија. Истражната комисија инсистираше на негово апсење бидејќи, доколку беше на слобода, Махраков можел да влијае врз сведоците и да уништи докази или да избега од правдата. Обвинителот го поддржа барањето на истражната комисија, иако Махраков го уверувал судот дека нема намера да бега од земјата и место тоа побара домашен притвор.

Заменик директорот на рудникот Андреј Молостов, исто така, е уапсен, иако се изјасни за невин. На неговото апсење инсистирал истражниот комитет затоа што тој претходно имал купено билети за патување во странство. Обвинетиот објаснил дека со семејството планирал одмор на Малдиви, од каде требало да се врати на 17 декември.