Полицијата уапси две лица кои се поврзани со гаражата во Нов Белград каде е пронајдено поголемо количество оружје.
„Полицијата уапси две лица, од кои едното изнајмило гаража каде било пронајдено поголемо количество оружје“, соопшти српското МВР.
Се наведува дека тие биле уапсени додека се обидувале да побегнат од Србија.
„Понатамошната работа продолжува за расветлување на вмешаноста на други лица и мотиви и поради таа причина нема да го објавуваме идентитетот на уапсените“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.