Уапсени најмалку тројца  фудбалери на Реал Мадрид поради снимка од малолетничка

413

„Ел Конфиденсијал“ пишува дека членовите на „цивилната гарда“ уапсиле најмалку тројца играчи на Реал Мадрид.

Причината, според овој влијателен шпански весник, е видео со еротска содржина на кое е снимена малолетничка, а кое почнало да кружи во тимот.

Тројцата уапсени фудбалери снимиле видео од врската со малолетно девојче, а потоа го споделиле со соиграчите. Нивните имиња не се објавени, но „Ел Конфиденсијал“ напоменува дека не станува збор за првотимци, туку за младински и резервни играчи.

„Ел Конфиденсијал“ наведува дека инспекторите им ги одзеле и мобилните телефони за да дознаат што повеќе за кругот на луѓе кои го поседуваат спорното видео. Наводно меѓу нив има и првотимци на Реал.

Сепак, некои играчи од првиот тим би можеле да бидат предмет на истрага, бидејќи тие се меѓу оние кои го имаат спорното видео на своите телефони.

Се наведува дека мајка на 16-годишно девојче на 6 септември дошла во полициско одделение за да пријави дека еден од фудбалерите кои се уапсени денеска снимил сексуален однос со нејзината ќерка и подоцна го споделил видеото со соиграчите. Се се случило во градот Моган на Канарските Острови.

Апсењето се случи директно во тренинг центарот на Реал, Валдебебас, во моментот кога тројцата донесени на распит се подготвуваа за тренинг со остатокот од тимот.