Двајца припадници на цивилната мисија на Обединетите нации во Косово – УНМИК, се уапсени синоќа при обид за грабеж во еден локал, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што објави порталот коха.нет, станува збор за еден Албанец и една Русинка.
Случајот за порталот го потврдија полициски извори, најавувајќи дека наскоро ќе бидат објавени повеќе детали за настанот.