Уапсени двајца дилери од Велес, едниот се обидел да ѝ избега на полицијата

67

На 11.10.2023 во 13.30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода В.М.(22) од с.Раштани, велешко и Н.Т.(23) од Велес. Откако биле запрени од полициски службеници, Н.Т. почнал да бега и притоа фрлил пакување со марихуана. Набргу, тој бил фатен, а по пребарување на теренот била пронајдена марихуаната. Лицата биле приведени во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.