Туск и Мицотакис на вечера кај Вучиќ

9

Полскиот премиер Доналд Туск и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вечерва ќе бидат гости на вечера со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, беше потврдено за Танјуг во кабинетот на претседателот.

Премиерите на Полска и Грција ќе присуствуваат на заедничка вечера со претседателот Вучиќ, а Туск утре ќе ја продолжи официјалната посета на Србија.

Вучиќ во понеделникот рече дека во септември и октомври веќе разговарал со 71 државник од целиот свет и додаде дека верува оти тој број ќе се зголеми на 90 во следниот месец.

Тој потоа изјави за РТС дека во наредните денови Србија треба да ги пречека полскиот премиер Доналд Туск и грчкиот премиер Кириос Мицотакис, како и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.