Турција ќе ја пречека Македонија во Ескишехир

166

Турската ракометна федерација и ЕХФ потврдија дека Ескишехир ќе биде домаќин на квалификациониот натпревар меѓу Турција и Македонија на 6 јуни годинава.  Откако „црвено – жолтите“ славеа на првиот натпревар во Битола, турската селекција пред своите гледачи загуби од Исланд и значително ги намали своите шанси за пласман на Европското првенство следната година во Австрија, Шведска и Норвешка.

На 12 јуни од 15:00 часот ќе се судбина во квалификацииите, со оглед на тоа што без разлика како ќе заврши двомечот во април против Исланд, нашите клучни натпревари се против Турција во Ескишехир и со Грција во Скопје.

Во салата „Порсук Спор Салон“ своите домашни натпревари ги игра Селкаспор, клубот во кој до пред неколку месеци настапуваше нашето крило Никола Костески. Во оваа иста сала следниот месец Турција ќе ја пречека Грција во четвртото коло.