Турција распиша црвена потерница за Енес Кантер

76

Јавното обвинителство во Турција побарал кошаркарот на Њујорк, Енес Кантер (26), да биде ставен на цвената потерница на Интерпол. Турција бара од САД да и биде екстрадиран Кантер под обвинение дека бил поврзан со неуспешниот државен удар во 2016 година. За лидер на неуспешниот државен удар Турција го обвини верскиот лидер Фетулах Гулен.

Кошаркарот е обвинет дека припаѓа на движењето на Гулен. Кантер веќе неколку години во јавноста го критикува турскиот претседател Ердоган, а дури и го нарече Хитлер на 21 – от век. Поради таквите коментари и обвиненијата за терористичко делување, Кантер не смее да се врати во татковината.

Пред две години Кантер, поради потерницата која по него ја има распишано Турција, кошаркарот беше уапсен во Романија. Тогаш успеа да се спаси благодарение на американскиот пасош што го поседува.

Меѓтоа доколку се најде на црвената потерница, тогаш земјите членки на Интерпол, меѓу кои се и САД, мора да реагираат, да го уапсат и да го екстрадираат во Турција. Неодамна, Кантер не отпатува со својот тим во Лондон, бидејќи стравувал дека може да биде убиен.

Инаку, Судот во Турција минатиот јули покрена обвинение и против таткотот на кошаркарот кој беше обвинет дека е член на истата „терористичка организација“ (секој кој е против Ердоган е терорист). Стариот Кантер, кој е професор, беше обвинет дека контактирал со околу 120 осомничени со наводини врска за проповедникот Гулен. Поради овој пуч тој веднаш беше исфрлен од јавната администрација и следуваше петдневен притвор.