Во турскиот град Малатија ќе се гради училиште – ќе го носи името Македонија

402

Училиште во турскиот град Малатија кој беше еден од погодените градови од катастрофалниот земјотрес во Турција, што се случи во февруари годинава ќе го носи името Македонија, а 32 училници колку што ќе има ќе носат имиња на градови во нашата држава.

Од Црвениот крст соопштија дека по направените преговори со Турската Црвената Полумесечина, на заеднички предлог е одлучено собраните хуманитарни средства за помош на настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиштето во Малатија.   

– Овој акт ќе остави траен белег и доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција. За текот на градбата на училиштето и инвестицијата, граѓаните и пошироката јавност, повремено ќе може се информираат на нашата интернет страница – нагласија од Црвениот крст.

Оттаму додаваат дека во хуманитарната акција вкупно биле собрани 63.380.807 денари. Од нив, 12.427.334 денари, се испратени на сметката за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за помош на настраданото население во Сирија.