Турска фабрика „преку ноќ“ ја напушти Србија – на работниците наместо пари им понудиле машини за шиење

664

Турската текстилна фабрика „Кајра текстил ДОО“, која четири години работеше во Мали Зворник во Србија, „преку ноќ“ ги испразни просториите. Работниците тврдат дека се оштетени, бидејќи не ги добиле последните три плати. На дел од нив како компензација им била понудена стока и машини за шиење, а наведуваат и дека компанијата оставила огромен долг за струја и вода.

Работниците на текстилната фабрика „Кајра текстил ДОО“ која во Мали Зворник работи од 2019 година, за Нова.рс тврдат дека фабриката наеднаш згаснала, без претходно да ги подмират долговите кон нив.

Наводно има неподмирени долгови кон локалната самоуправа која на фабриката и дала деловен простор.

Работодавачот на работниците им должи три плати, а на општинските претпријатија неколку милиони динари неплатени сметки за струја и вода, вели за Нова.рс еден од вработените.

„Редовно земавме плати, но меѓу вработените се шушкаше дека на работодавачот не му оди и должи многу пари на општината која ја обезбеди салата во која работевме. Месечно добивав околу 50.000 динари, едвај врзав крај со крај. Секогаш кога баравме покачување велеа: Ќе биде, ќе биде. А тоа „ќе биде“ никогаш не се случило“, објаснува една од вработените во фабриката за Нова.рс.

Од фабриката „Игстекстил.рс“, која е поврзана со компанијата што ги затворила нејзините простории, за Нова.рс велат дека фабриката во Мали Зворник не е затворена, туку е привремено прекината.

„Поради руско-украинската војна и кризата во Турција, фабриката наиде на проблем, бидејќи партнерите за тој пазар наеднаш почнаа да се откажуваат. Поради повлекување на партнерите Зара, Бершка… и поради вонредни околности на кои никој од нас не можеше да влијае“, изјавија тие.