Туристичките работници бараат субвенции за плати, поволни кредити, ослободување од ДДВ

41

Субвенции за минимална плата и целосно покривање на придонесите до крајот на годината, поволни кредити, ослободување од плаќање на ДДВ, продолжување на грејс периодот за враќање на кредитите до септември догодина, се дел од барањата кој туристичките работници ги изнесоа на протестот пред два дена.

Овие барања тие уште пред еден месец ги доставиле до Mинистертвото за економија, но досега оттаму не добиле никаков одговор.

Тие предупредија дека ако државата не реагира веднаш, секторот ќе колабира. Околу 5.000 семејства ќе останат без приходи и исто толку лица ќе треба да се пријават во Агенцијата за ваботување.

Тие уште пред еден месец ги доставиле барањата до Mинистертвото за економија, но потенцираат дека оттаму нема ниту збор.

Од Владата велат дека ја следат економската состојба во земјава, во моментов не се носта одлуки зошто не е формирана новата Влада.

– Очекувањата се наскоро да се формира нова Влада, по што ќе се донесе и четвртиот пакет на мерки. Сите предлози од туристичките агенции ќе бидат разгледани и како Влада, заеднички со Министерството за економија, ќе се обидеме да излеземе во пресрет на барањата, се наведува во соопштението на Владата.

Инаку, веќе пет месеци, туристичките агенции се без приходи поради кризата со корона вирусот.