ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитните производи за физички лица

58

Kако резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, TTK Банка АД Скопје ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени на кредитните картички Visa Classic и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица.

Во согласност со висината на каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула (национална референтна стапка – НРС) важечка на 25 декември од претходното полугодие и висината на максималната законска каматна стапка, променливите каматни стапки на дел од потрошувачките кредити сe намалуваат од 0,1 до 0,5 процентни поени и ќе се применуваат во тековното полугодие.

Новите каматни стапки важат од 1.1.2019 година и се однесуваат за сите постојни и новосклучени договори. Истите се подетално наведени на интернет-страницата на Банката кај секој поединечен производ, а корисниците ќе добијат известување преку изводот од сметката или картичката како и писмено известување за намалениот износ на ануитетот.