Прилепската полиција уапсила три лица кои се сомничат дека предизвикале пожар во патничко возило.
-На 22.11.2022 во 23.50 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.М.(38), Ј.Ф.(27), П.С.(31), сите од Прилеп. Тие се сомничат дека околу 22.00 часот предизвикале пожар во патничко возило „киа венга“ со бугарски национални ознаки, сопственост од Т.Н.(48) од Прилеп, паркирано на ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.-соопштуваат од МВР.