Трошоците на животот во ноември зголемени за 4,3 отсто

18

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3%, а цените на мало од 4,0%, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1,0%.

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1%, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5%, ресторани и хотели за 0,8%, облека и обувки, здравје за 0,2%, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1%.

Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 0,9%, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3%, разновидни стоки и услуги за 0,1%.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во ноември во однос на октомври годинава забележале раст од 0,3%.

 

ИЗДВОЕНИ